Услуги
Адвокатската канцеларија Новакоски ви нуди голем избор на професионални услуги во секој домен во правото:
Граѓанско право (предмети од областа на имотно, семејно, стварно, );
Облигационо право (Изготвување на договори, преддоговори, предлог-договори, анекси, изјави, спогодби;
Оставина (поднесување на барања за поведување на оставинска постапка, како и совети, вадење документи и помош во оставинската постапка);
Постапки за приватизација на земјиште и легализација на бесправно изградени објекти, други постапки пред Агенцијата за катастар на недвижности;
Трговско право( стопански предмети);
Стечајно право (стечај, ликвидација на фирма );
Регистрација на фирми, секаков вид на промени кај правните субјекти, здруженија на граѓани, претставништва , подружници;
Кривично право;
Застапување и правна помош на физички и правни лица во судови, правосудни органи, општини, државни институции;
Трудово право (изготвување на договори за вработување, менаџерски договори, спогодби за престанок на работен однос, решенија за откажување на договорот за вработување, статути, правилници, одлуки, решенија, пријавување и одјавување на вработени во Агенцијата за вработување на РМ, постапка за вработување на странци, застапување пред судовите во Република Македонија за работни спорови);
Управно право (застапување пред министерства, општини, Управен суд на РМ);
Право на осигурување (застапување пред осигурителни компании и пред судовите за надомест на штета).





